-->
-->
Рио 2016: Хрватска загуби од Нигерија, а Шпанија ја победи Литванија со 50 разлика
-->
На машкиот кошаркарски турнир во Рио синоќа беше комплетирано претпоследното 4.коло во А групата.
Селекцијата на Хрватска неочекувано беше поразена од Нигерија со 76-90. Затоа пак европскипт шампион Шпанија се враќа во голема форма. По двата стартни порази „црвената фурија“ ноќеска ја декларира дотогаш непоразената Литванија со 50 поени разлика 109-59.
Но, и покрај поразот Литванците заедно со Аргентина која по две продолженија го доби латино-американското дерби со Бразил со 111-107, се селекциите кои на коло пред крајот на групната фаза веќе обезбедија пласман во четвртфиналето.
Табела: * Аргентина 7 бодови, Литванија 7, Шпанија 6, Хрватска 6, Бразил 5 и Нигерија 5.
Од групата А остануваат само уште едно слободено места за четвртфиналето во кое веќе пласман обезбедија САД, Австралија и Франција, додека директниот меѓусебен дуел меѓу Србија и Кина ќе го даде последниот патник меѓу осумте најдобри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица