Риши Сунак ја објави својата кандидатура за премиер на Велика Британија
Поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак денеска ја потврди својата кандидатура за премиерската функција, откако ја доби поддршката од конзервативните пратеници кои ја симнаа Лиз Трас од функцијата.
Сунак за премиерската позиција ќе се бори со двајца главни ривали, поранешниот премиер Борис Џонсон и поранешната министерка за одбрана Пени Мордонт.
Сунак (42) потврди дека учествува во лидерската трка откако ја доби поддршката од 124 пратеници од Конзервативната партија.
„Ќе има интегритет, професионализам и одговорност на секое ниво на власт што јас го водам и ќе работам од ден на ден за да ја завршам работата“, се вели во соопштението на Сунак.
Мордонт доби јавна поддршка од 24 пратеници, додека Џонсон, кој не се изјасни дали ќе се кандидира, досега има поддршка од околу 50 пратеници.
Ново на Сител
-

Приведени двајца крадци од Куманово, на сила одзеле делови од автобус
-

Приведен 30-годишник од Неготино кој му се заканувал на својот татко
-

Тојота го претстави новиот ГР ГТ
-

Премиерот Мицкоски очекува брза процедура за избор на нов главен јавен обвинител
-

Уставниот суд го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со промоција на Документарец и повик за активно граѓанско учество
-

Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина
-

Кривична за Оливер Спасовски, спречил одземање лиценца на технички преглед во Сарај
-

Салиу: Обвинет сум за кривично дело со претпоставки, а не со докази, под притисок на јавноста и политички игри
