Рисима Рисимкин учествува на „Silk road festival" во Кина
Профеорката по современ танц Рисима Рисимкин од 20-ти до 24 септември присуствува на фестивалот „Silk road festival" во Сиан, Кина, каде што е поканета како член на жири на платформата за современ танц.
Платформата е дел од програмата на фестивалот кој има богата програма со повеќе уметнички категории - музика, танц и визуелни уметности, со гости од целиот свет.
Платформата за современ танц се одржува првпат и вклучува млади кореографи од цела Кина, кои се занимаваат со современ танц.
Рисима Рисимкин во рамките на фестивалот одржа мастерклас во новоотворениот Арт центар во Сиан и ја презентираше современата танцова сцена во Македонија.
На фестивалската програма беше изведена и претставата „Колевка“ - прва продукција во рамки на иницијативата „16+1“ меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.
Нашиот „Танц фест“ е дел од европските фестивали кои ја поддржаа оваа продукција и која беше изведена на фестивалот во април, на сцената на Народниот театар „Џинот“ во Велес.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни