Loading Video...
Фудбал
22. March 2021 - 19:48

„Рисовите“ стартуваа со подготовките за мундијалските квалификации

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација  Игор Ангеловски денеска во х. Хилтон ја изврши првата прозивка за претстојните мундијалски квалификациски дуели со Романија, Лихтенштајн и Германија. 
Македонија во јуни ја очекува  историскиот настап на ЕП во фудбал и во таква атмосфера нашата најдобра селекција ќе ги игра квалификациските дуели за следното СП кое ќе се одржи во Катар . Убава можност да се продолжи со добрите игри и резултати но и да се подготви тимот за претстојните предизвици на првиот континентален настап. 
Селекторот  Ангеловски  веднаш се соочи со проблеми пред дуелите со Романија, Лихтенштајн и Германија бидејќи настапот поради позитивни тестови го откажаа Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов додека Иван Тричковски е повреден. На првата средба со Романците во комбинација нема да биде и Адеми. 
За таа цел дополнително се повикани Агим Ибраими од албански Кукс и Стефан Ашковски кој настапува токму во Романија во редовите на Ботошани. 
Попладнево националниот тим го одржа и првиот тренинг.