Ристовски: Македонските дипломи ќе имаат европски предзнак
Квалификациите кои ќе се стекнуваат во сите степени на образование ќе имаат еквиваленти во квалификациите на ЕУ, со што дипломите на македонските граѓани ќе бидат вреднувани од европските работодавачи. По двегодишен процес Македонија успешно ја усогласи рамката на квалификации со европската - извештајот бил едногласно прифатен од Европската комисија во Брисел минатата недела и оценет како јасен и прегледен.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција рече дека е тоа важен чекор во македонското образование затоа што усогласувањето овозможува дипломите кои во иднина ќе се стекнуваат и издаваат во Македонија да имаат европски предзнак, со што ќе се гарантира дека квалификацијата е споредлива, односно дека постои и во Европската рамка на квалификации.
- Секоја стекната квалификација во образовните институции во земјава ќе биде препознатлива во европскиот образовен простор и пазарот на труд. Ова значи дека се олеснува процесот на признавање на домашните квалификации во странство и обратно, а тоа дополнително ќе ја унапреди мобилноста на пазарот на трудот, но и на студентите, учениците и нивните наставници. Вака поставена, рамката на квалификации ќе биде алатка за подесување на квалификациите, како за општествените и потребите на пазарот на трудот, така и за потребите за личен развој во контекст на доживотно учење на секој поединец, рече Ристовски.
Во 2013 година беше усвоена Македонската рамка на квалификации врз основа на закон, а лани беше формиран Национален одбор за нејзина примена. Ристовски е задоволен што процесот на усогласувањето со Европската рамка на квалификации траел релативно кратко време, особено затоа што има поразвиени европски земји чии извештаи се уште не се прифатени.
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров додаде дека се работи за исклучително комплексен процес на кој посветено работел тим од МОН со вклученост на други институции.
- Македонската рамка на квалификации ќе претставува транспарентен систем кој дава основа за стекнување на квалификациите, проодност и квалитет на квалификациите. Посебно се издвојува улогата која ќе ја има за зголемување на квалитетот и на квантитетот на меѓународните мобилности во процесот на учење, но и на мобилностите за обуки во рамките на пазарот на трудот. Успехот со поврзување на македонската со европската рамка на квалификации е од големо значење за Република Македонија и, всушност, значи приклучување на македонскиот образовен систем кон европскиот образовен простор, рече Димитров.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци