-->
-->
РК Вардар без Деревен и Стоилов?
-->

Александар Деревен, левиот бек на РК Вардар, ќе мора да го оперира повреденото колено, додека пикерот Стојанче Стоилов, со посебни терапии, ќе го лечи повредениот лигамент на рамото.
Деревен (23), кој во летниот преоден рок пристигна во Вардар од Чеховски Медведи каде играше од 2012 година, коленото го повреди на мечот со Рајн Некар Ловен (25:19).
Дополнителните прегледи кои на рускиот репрезентативец му биле извршени изминатите денови покажале дека тој ќе мора да биде опериран. Во наредниот период тој ќе има посебни терапии кои всушност ќе бидат подготовка за оперативниот зафат, кој дополнително ќе биде закажан.
Пикерот Стоилов, поради повреденото рамо, исто така ќе работи со посебна терапија и засега не е планирана операција. Стоилов, како што соопшти клубот, во наредните две недели ќе работи под посебен третман и доколку има подобрување тој ќе се врати во тренажниот процес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
