Loading Video...
Ракомет
18. July 2020 - 20:16

РК Вардар стартуваше со подготовките за новата сезона

Ракометарите на Вардар денеска и официјално ги започнаа подготовките за новата сезона откако сите тестови за Ковид -19 беа негативни се вели во официјалното известување на актуелниот европски првак. 
Ова се убави вести од редовите на нашиот ракометен гигант кој со нов состав ќе се претстави на домашната сцена.  Тренерот Стевче Алушевски го очекува во тимот уште Иван Чупиќ кој по тестирањето ќе се приклучи кон екипата во вторник. 
Од Управата најавија дека тренинзите ќе се изведуваат според одредени правила и пожелно да се избегне присуство на навивачи и било какво приближување кон играчите.  Од РК Вардар ги известија и новинарите дека нема да има поединечни изјави ниту пред ниту по тренингот. 
Да потсетиме Вардар сезоната ја започнува со нова управа на чело со претседателот Михајло Михајловски но и евидентно променет состав  по заминувањето на дел од ракометарите и доаѓањето на нови чиј настап со нетрпение се очекува од македонската ракометна јавност бидејќи Вардар е клуб кој создаде име за почит со освоени две европски титули.