РКЕ им ги одзеде лиценците на Пертинакс ДООЕЛ Скопје и на Гуливер инжинеринг ДООЕЛ Скопје
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги одзеде лиценците на трговците на големо: ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје во делот на вршење на енергетската дејност трговија на големо со мазут (М-1) и на ГУЛИВЕР ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје за вршење на енергетска дејност трговија на големо со Еуродизел БС. Лиценците, како што посјаснуваат од РКЕ, се одземаат поради тоа што трговците на големо не доставија докази дека поседуваат резервоари за соодветниот нафтен дериват.
ОД РКЕ информираат дека ДАДИ ОИЛ ДООЕЛ Јакимово Виница доставил документи со кои докажува дека поседува резервори за Еуросупер БС 95, по што Комисијата ја запрела постапката. БАШИНО ГАС извоз – увоз ДООЕЛ Велес, пак, приложил документи за обезбедени резервоари за вршење на енергетска дејност трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).
-Двајца трговци на големо не доставија докази дека имаат резервоари за складирање на дел од нафтени деривати, што се основни средства за работа. Токму поради тоа што не поседуваат основи средства РКЕ донесе одлуки со кои им ги одзеде лиценците за вршење на енергетска дејност за Еуродизел БС на Гуливер Инжинеринг и на Пертинакс за мазут. Овие трговци не можат да тргуваат со овие поединечни деривати, затоа што немаат лиценца, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Што се однесува за постапките за одземање на лиценци кои беа отпочнати за оперативните резерви на мазут, РКЕ ги добила записниците од извршениот инспекциски надзор на Државниот пазарен инспекторат во кои се констатира дека трговците ги поседуваат оперативни резерви по што биле донесени одлуки со кои се запрени постапките за РКМ ДООЕЛ Скопје, Ли – ОИЛ ДБ ДООЕЛ увоз- извоз Кавадарци, СУПЕРТРЕЈД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка