РКЕ: Имаме најниска цена на дизелот во регионот, бензинот е поевтин само во БиХ и Бугарија
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото во првата недела од март е најниска во земјава и изнесува 1,221 евро за литар, а највисока цена плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, покажуваат резултатите од анализата на податоците во 11 држави во регионот информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Како што истакнуваат од РКЕ, просечната цена на дизелот во регионот е 1,419 евро, а кај нас цената е пониска за 13,953 отсто.
Кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи по цена незначително пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала. Кај нас се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија.
Просечната цена, пак, на бензинот во регионот е 1,463 евра, а кај нас е пониска за 6,972 отсто.вј/са/
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз