Рочиште за „Сопот“ во Кривичниот суд

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот”. Овој случај е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот.
Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.
На минатото рочиште беше сослушан еден од сведоците за случајот „Сопот“. Тој, не го сменил исказот што го дал во истрагата.
Адвокатот Вулнет Пачуку, по рочиштето, изјави дека клучниот сведок на рочштето во повеќе детали објаснил во целост како се случило и дека тој не може да биде ниту обвинет, ниту сведок, туку само жртва на овој настан.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули минатата година му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.
Предметот „Сопот“ со новиот распоред на судии во Кривичниот суд му е доделен на судијата Владимир Туфегџиќ.
Ново на Сител
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
-

Превозниците во паника – не депортираат од Унијата како криминалци
-

Од денеска извод за родени, (не)венчани и умрени можете да си извадите електронски
-

Трамп го формираше Одборот за мир, со нејасни цели и контроверзен состав
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
