-->
-->
Родена е глува, а првите зборови кои ги слушнала биле: "Омажи се за мене"
-->
Американката Андреа Диаз сигурно целиот свој живот ќе ги памти првите неколку минути откако за прв пат во својот живот слушна звук, а за тоа се погрижил нејзиниот долгогодишен дечко.
- Можеш ли да слушаш, ја прашала насмеаната докторка девојката која само потврдила со главата. Едноставно не можеше да престане да се смее, имаше оправдана причина за тоа. Всушност, Андреа Диаз за прв пат во својот живот слушнала звуци и гласови на луѓе. Родена е глува.
Било тоа голем и многу важен момент за нејзе. За прв пат ја слушнала нејзината како и вели дека ја сака, а на дечкото му рекла дека звучи смешно.
Тој возбудено се насмевнал, а тогаш клекнал на колена.
- Ти си моја најдобра пријателка, и толку многу те сакам така што сакав едни од првите зборови кои ќе ги слушнеш да бидат - ќе се омажиш ли за мене, и рекол дечкото додека Андреа со раце ги прекривала и бришела солзите на очите.
- Да, му одговорила Андреа на крајот од снимката која е објавена на Фејсбук фан страната на Медицинскиот центар на Универзитет во Мисисипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
