-->
-->
Роди син во ходник, а една од сестрите го улови моментот
-->

Моментот на породувањето го овековечи Тами Карин со фотографии кои брзо се распространија на интернет. Бебето
Маквел се роди во добра здравствена состојба.

Ова е првото синче на парот кој има и пет ќерки.
-Само што влеговме во вратата, му реков: ‘Тревис, време е. Тој е тука’. Ги спуштив панталоните бидејќи чувствував дека моето тело ја турка надвор главата на бебето. Посегнав и можев да почувствувам како неговата глава се спојува со мојата рака. Го погледнав мојот сопруг и му реков: ‘Мораш да го фатиш’. Без двоумење тој го направи токму тоа. Турнав само еднаш и моето тело го направи останатото. И тој беше таму, токму таму на подот од одделот за итна помош – објаснила мајката Џес Хоган.

-Ова беше моето најлудо породување, но истовремено најсовршеното. Не беше воопшто онака како што планирав, но заврши без никаква интервенција, со здраво бебе и прекрасна поддршка од луѓето покрај нас. Беше прекрасно и засекогаш ќе го сакам секој спомен од тој момент – додала таа.

-Се сеќавам дека мојот сопруг ми стави крпа под главата, бидејќи беше загрижен да не ми е неудобно. Тој маж е неверојатен. Тој е најдобриот татко и најдобриот сопруг и не знам што би правела без него тој ден – рекла Хоган.


-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата