Родила ќерка и видела дека нешто не е во ред со неа: Лекарите кренаа раце од неа, но мајката не се предаде
Џоди Ханкокс од Австралија штом се породи знаеше дека со нејзината ќерка нешто не е како што треба.
-Истата секунда кога Луси се роди, знаев дека со неа не е се како што треба да биде. Левата страна од лицето и беше многу помала од десната, се присети Џоди, а наскоро Луси доби и дијагноза - Пари Ромберг синдром.
Тоа е ретко нарушување во кое имунолошкиот систем го анведува ткивото под кожа да се смалува.
-Бев очајна по разговорот со лекарите зошто и рекоа дека нема начин да се спречи оваа дегенеративна болест. Мислев дека моето дете ќе има тежок живот, ама не се предадовме, раскажува оваа храбра мајка.
Лекарите рекоа дека е неминовно тоа што лицето на Луси во еден момент потполно ќе се дзинтегрира и дека ништо не може да се направи. Собирале пари и конечно нашле лекар во Америка кој рекол дека верува дека може да изведе операција која ќе ја спаси нивната ќерка. Самите операции вкупно чинеле околу 115.000 долари. Лекарот рекол дека ќе биде потребно да се извршат три операции, но е уверен во позитивен исход.
-Повторно и го изгради лицето и го спречи натамошното распаѓање. Поради болеста имала лезии на мозокот кои ги запрел со помош на стероиди, но поради тоа лицето се уште и изгледа како малку да виси, раскажува Џоди.
-Луси секогаш ќе се разликува по изгледот од другите деца, но најважно е болеста да ја држиме подалеку. Таа е толку храбра. Не се плаши од операции и не дозволува грдите коментари да ја обесхрабрат, рече Џоди.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?