Родилки позитивни на коронавирус им пренеле на своите бебиња антитела
Научници од Британија откриле дека некои бебиња кои се родени од мајки позитивни на коронавирусот веќе имале антитела на болеста.
Доктор Патрик Обрајан, претседател на Кралскиот колеџ на гинекологија, вели дека мал број на новороденчиња развил имунолошки одговор на вирусот додека биле во мајчиниот стомак.
Антителата се произведуваат како одговор на инфекција, а имунолошкиот систем ги користи за да се одбрани од вирусот доколку се врати во иднина.
IgM антителата кои телото ги прави кога првпат ќе се сретне со инфекција не може да бидат пренесени од мајката на бебето низ плацентата, што значи дека бебињата сами ги создаваат своите антитела.
Втората форма на антитела како што се IgG паметат што треба да се нападне со години и доколку дојде до истото заболување.
Ова укажува дека мајките го пренесуваат вирусот на бебето додека е тоа во стомакот. Ова откритие е објавено во голема научна студија во Велика Британија, а во која учествувале 427 бремени жени кои биле заразени со коронавирус.
Ново на Сител
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
