Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка
Триесет и тригодишниот Фадил Зејнелов доби доживотна казна затвор, бидејќи на свиреп начин на 1 ноември лани ја уби 29 годишната Емилија Пешева. Претседателот на кривичниот совет при Основниот суд во Штип, судијата кривичар Сашко Георгиев по објавувањето на пресудата образложи зошто судот ја има донесено и изречено максималната казна затвор за Зејнелов. Тој посочи дека Зејнелов не покажал емпатија и чувство на одговорност за стореното дело.
-Советот по анализата утврди дека оваа казна е оправдана. Пред се заради начинот на извршување на кривичното дело, понатаму во месец август исто така вршел насилство врз сега починатата Емилија, образложи Георгиев.
Семејството на Пешева вели дека болката не се намалува, а Емилија никогаш нема да се врати, но како што велат родителите Џемиле Сала и Слободан Пешев барем правдата е задоволена.
Адвокатот на оштетените, Мишко Чолаков рече дека она што е побарано во завршните зборови, односно доживотна казна затвор за убиецот е изречено.
-Доживотна казна затвор е максималната којашто може да се изрече, нема право на условен отпуст пред да поминат 15 години од изрекување на истата, му се ограничени многу права предвидени со закон, вели Чолаков.
Емилија Пешева беше убиена на 1 ноември минатата година во помошен објект на ЈП „Исар“ во близина на најзиниот дом. Инаку, претходно доживотен затвор доби и убиецот на Танкица, кој ја уби со над 40 убоди од нож во Кочани, а потоа сам си пресуди во затворот во Куманово.
Ново на Сител
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд