-Паѓаше дожд и водата стигна до работ на дворот. Затоа го ставија питонот во вода да си игра и да се одмара, додава таа.
Во големите поплави кои минатата недела го погодија Виетнам 54 лица го загубија животот, а стотици илјади куќи беа поплавени.
Тригодишното дете Труонг кое со семејството живее во виетнамската провинција Тан Хоа, не можеше да го скрие возбудувањето кога родителите, кои држат огромен питон како домашно милениче, ја искористија можноста да ја пуштата змијата да си поигра во водата до глуждови, која го поплавни нивниот двор во општината Ха Лонд, во округот Ха Трунг.
Детето ја јавна џиновската змија долга 6 метри и тешка 80 килограми и се кикотеше додека таа скокаше како коњ.
Семејството ги објави фотографиите на социјалните мрежи. Многу корисници изразија сомнеж во нивната веродостојност, но родителите на Труонг потоа објавија и снимка како доказ дека тоа навистина се случило.
-Тој има три години, а питонот е тежок 80 килограми. Семејството веќе 4 години го држи питонот како домашно милениче и тој е многу нежен, рече тетката на детето Ан Нгујен.
-Паѓаше дожд и водата стигна до работ на дворот. Затоа го ставија питонот во вода да си игра и да се одмара, додава таа.