Родри останува во Манчестер Сити до 2027 година

Манчестер сити најави продолжување на договорот со играчот од средниот ред Родри. Новиот договор со 26-годишниот Шпанец е со важност до крајот на јуни 2027 година.
– Преселбата во Манчестер сити е најдобрата одлука во мојата кариера. Ми се допадна клубот од првата секунда. Навивачите ме примија многу добро. Совршено го подигнав своето ниво, сакам да му се заблагодарам на Хосеп Гвардиола и неговиот персонал за ова. Тие ќе ми помогнат да го максимизирам мојот потенцијал, ја ценам нивната работа, изјави Родри, за официјалниот сајт на англискиот клуб.
Родри му се приклучи на Манчестер сити од Атлетико Мадрид во јули 2019 година.
Минатата сезона фудбалерот постигна седум гола и направи две асистенции на 46 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
