Роџерс: Време е за прв пораз на Ливерпул
Вечерва, во Премиер лигата, ќе се одигра дуелот помеѓу Лестер и Ливерпул. Менаџерот на „лисиците“, Брендан Роџерс, смета дека неговиот тим е способен да го порази лидерот на табелата.
Ливерпул нема пораз во Премиер лигата, има неверојатен скор од 16 победи и еден нерешен резултат во 17 одиграни натпревари. Лестер со натпревар повеќе од „црвените“ е втор со десет поени помалку.
„Сите знаеме дека таа низа еднаш ќе мора да се прекине. Зошто ние да не бидеме тимот што ќе ги запре Ливерпул. Такви се нашите планови. Ливерпул е одличен, има победнички менталитет, но еднаш ќе мора да изгуби. Ќе се бориме до крајот, за нас, ова е фантастичен меч, ќе играме против светскиот и европски шампион“, рекол Роџерс.
Натпреварот на стадионот „Кинг пауер“ ќе почне во 21 часот.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла