Рок-спектакл „Џојфест“ во Крива Паланка
Десетилјадната публика од сите краеви на земјава синоќа уживаше на рок-спектаклот „Џојфест“ на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка.
Петтото јубилејно издание на „Џојфест“, посветено на настраданите во поплавите во Скопје на програмата понуди одлична рок-музика за сите генерации. Главни ѕвезди беа „Ареа“ и алтернативниот рок-состав „Ван Гог“ од Србија, а настапија и локалните рок-бендови „Машина“, „Стоп“ и „РГБ“. Водител на фестивалот беше Гораст Цветковски.
Од организацискиот одбор истакнаа дека се презадоволни од посетеноста.
- Пред фестивалот имавме силна промотивна кампања, одѕивот на љубителите на рок од регионот и соседните држави е огромен, што не прави особено горди. Упативме и апел публиката да ја покаже својата хуманост. Посетителите донираа на пунктовите поставени од Црвен крст, а собраните средства се наменети за поплавените подрачја од Скопје и Тетово, изјави синоќа Александар Михајловски, уметнички директор на „Џојфест“.
Фронтменот на култниот рок-состав „Ван Гог“, Звонимир Ѓулиќ-Ѓуле рече дека првпат е во Крива Паланка, но редовно настапува во Македонија. Нагласи дека посебно е импресиониран од манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.
„Ареа“ ги отпеа хитовите кои изминатите 25 години постоење на составот ја потврдија нивната незаменлива улога на рок-сцената во Македонија.
- Публиката е прекрасна, а организацијата на фестивалот е одлична. Се радувам на ваквата убава енергија која трае и по настапот, додаде Ружица Милошоска-Брчиоска од „Ареа“.
Михајловски додаде дека фестивалот прераснува во реномиран настан кој секоја година е се повеќе посетен и е повод за реунирање или реформирање на локалните рок-состави.
Ново на Сител
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири