Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
Правосудството и јавната администрација се ресорите каде што Македонија најмногу доцни со реформите, оценија денеска евроабасадорот Рокас и министерот за евроинтеграција Муртезани. Сакаме силно судство, порача евроамбасадорот кој вели дека Брисел од блиску ги следи најавените смени во Судскиот совет, но и разрешувањето на обвинителот Коцевски.
Муртезани и Рокас денеска го презентираат првиот сегмент од планот за раст имајќи поред вид дека Македонија прва од земјите во регионот почна да ги користи првичните 52,4 милиони евра помош.
Евроамасадорот дециден дека тоа е доказ за посветноста на ЕУ за проширување.
Муртезани пак, го презентираше Планот за комуникација и видливост на реформската агнеда, составен од три столба.
Македонија до 2027 година треба да добие од ЕУ финансиска поддршка од 750 милиони евра, покрај тековните ИПА програми што надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар