Македонија
5. јуни 2026 - 16:35

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат

Европската Унија останува силно посветена на отворањето на пристапните преговори со Македонија, и нема сомнеж дека припаѓа на европското семејство, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас на 23. Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција.

Но повикувајќи се на неодамнешната порака на претседателот на Европскиот совет, Кошта, Рокас нагласи дека договорените уставни измени од 2022 година мора да бидат исполнети за да продолжи евроинтегративниот процес.

Учесниците на конференцијата презентираа конкретни идеи за унапредување на регионалната соработка, развој на заедничкиот регионален пазар и подобра подготовка на земјите кандидати за интеграција во европскиот пазар.