-->
-->
Рома ги обезбеди договорите со Џеко, Салах и Фалке
-->
Играчите на Рома, Един Џеко, Мохамед Салах и Јаго Фалке потпишале трајни договорот, потврди римскиот клуб.
Овие тројца фудбалери во летниот преоден рок пристигнаа во Рим но на позајмица од Манчестер Сити, Челзи и Џенова, а раководствоот на Рома уште на стартот од сезоната ја искористи опцијата да ги откупи нивните договори.
„Успешната привремена соработка ја претворивме во долгорочна“, се наведува во соопштението на фудбалскиот клуб Рома.
Рома не објави колку финансиски ја чини оваа операција, ниту пак на колку години верност кон клубот се обврзале тројцата играчи.
Во досегашниот тек од сезоната Џеко и Фалке имаат постигнато по еден гол, додека Салах постигнал три гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија