„Рома Труба Фест“ по 14-ти пат во Куманово
Кумановци вечер и утре ќе имаат можност да уживаат во звуците на трубата на 14-тиот „Рома Труба Фест“ што ќе се одржи на градскиот плоштад. Организатор на традиционалната манифестација е Ансамблот за народни ромски песни и игри „Рушит Шакир“, а фестивалот се одржува со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура. На двете фестивалски вечери ќе настапат 15 оркестри од Србија, Франција, Белгија, Кипар и од македонската сцена.
-Очекуваме дека ќе имаме повеќе публика. Се надеваме дека идната година, бидејќи е јубилеј, фестивалот ќе прерасне во мала „Гуча“, изјави уметничкиот директор на фестивалот, Самет Салиевски.
На првата фестивалска вечер ќе настапат: Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Бојан Ристиќ од Србија, и оркестри од Франција и Кипар, а специјален гостин е Роберт Ферчо и Бед Бојс. На втората фестивалска вечер која ќе се одржи в петок, ќе настапат Џамбо Агушев, Рос бенд Алимов, Среќко Ибраимовиќ, Синиша Станковиќ, Млади браќа Кадриеви од Белгија, како и оркестри од Франција и Кипар, а специјален гостин е Љубојна.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот