Романците вечерва ќе излезат на протести и контрапротести
Романците седми ден по ред излегуваат на протести, откако синоќа над 600.000 лица протестираа во целата земја, поддржани од нивните сонародници во странство, иако романската Влада ја поништи контроверзната одлука што од почеток предизвика незадоволство, пишува сајтот „Зиаре“.
Денешните протести најрано започнаа во дијаспората, откако Романци се собраа пред зградата на Европската комисија во Брисел и скандираа „Драгнеа не заборавај, Романија не е твоја“, мислејќи на лидерот на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) Ливиу Драгнеа.
Околу 5.000 лица излегоа вечерва на антивладиниот протест на Плоштадот на победата.
Истовремено пред претседателскиот дворец „Котрочени“ се одржуваат контрапротести во поддршка на Владата на премиерот Сорин Гриндеану со барање на оставка на претседателот Клаус Јоханис.
Околу 2.000 луѓе скандираа „Ја поддржуваме владата!“ и „Почитувајте го гласањето на Романците!“.
Премиерот Гриндеану денеска уште еднаш ја отфрли можноста да поднесе оставка, со напомена, дека неговата Влада е резултат на мнозинство составено по изборите на 11 декември.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе