Македонија
20. September 2016 - 10:55

Романот „Бунар“ на Башевски објавен на англиски јазик

Романот „Бунар“ од Димитар Башевски е преведен на англиски јазик во едицијата „Сто најдобри словенски романи“, во превод на Љубица Арсовска и Пеги Рид.  

Во оваа едиција учествуваат литературите на тринаесет словенски земји. Издавач на романот е Форумот на словенските култури, кој е носител на проектот „Сто словенски романи“. 

„Бунар“ во 2001 ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и има повеќе изданија во Македонија и во странство.