Романот „Историја на светлината“ од Јан Њемец објавен на македонски јазик

Романот „Историја на светлината“ од чешкиот писател Јан Њемец, книга за чешкиот фотограф Франтишек Дртикол и за почетоците на фотографијата како нов вид уметност, е објавен на македонски јазик. Преводот на македонски е на Диме Митревски.
Романот, кој го објави Издавачката куќа „Антолог“, е добитник на Европската награда за книжевност во 2014 година, како и на наградата „Чешка книга“. Преведен е на 12 јазици. Критиката го препорачува како за сериозните фотољупци, така и за лаиците.
Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.
Јан Њемец (1981) е современ чешки автор. Студирал социологија и религионистика, како и театарска драматургија. Работи како уредник во издавачката куќа „Хост“ и во истоименото списание. Редовно пишува и во неделникот „Респект“. Од 2014 година е претседател на новоформираната Асоцијација на писатели. Син е на писателот Лудвик Њемец.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
