Романот „Сама“ на Исидора Бјелица наскоро и на македонски јазик
Новиот роман на една од најмаркатните фигури во српската литература Исидора Бјелица, насловен „Сама“, наскоро ќе биде преведен на македонски јазик.
Оваа интимна исповед ќе ѝ биде достапна на македонската читателска публика благодарение на издавачката куќа Просветно дело.
Станува збор за автобиографски роман за дел од животот на Исидора Бјелица за кој досега никој не знаел ништо. Хероината во романот „Сама“ патува низ светот, заминува во Мексико во потрага по клучот на разбирањето на нашето битие и смисла, не знаејќи дека одговорот всушност се наоѓа во нејзиното срце... И кога многу години подоцна ќе се соочи со крајна безнадежност, кога ќе помисли дека сите ја напуштиле и дека останала сама, ќе сфати дека патот до срцето на саканиот води преку сопственото срце.
Романот „Сама“ е уште еден на листата бестселери на Исидора Бјелица, кој воедно беше и најпродавано издание на неодамна завршениот Саем на книга во Белград.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз