Романот „Седумцрквие“ од чешкиот писател Милош Урбан објавен на македонски

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Седумцрквие“, готски трилер посветен на Прага, од чешкиот писател Милош Урбан. Преводот на македонски е на Драган Георгиевски.
- „Седумцрквие“ е мрачен трилер за Кветослав Швах и за тоа како тој е поврзан со убиствата во седум катедрали во Прага. Со оваа книга, преведена на десет јазици, Урбан се прославил како „црниот витез на чешката литература“, а самата книга од критиката била прогласена за „ремек-дело на модерната готика“, информира „Антолог“.
Милош Урбан (1967) е еден од најзначајните и најчитани чешки прозаисти. Дел од детството го поминал во чехословачката амбасада во Лондон. Откако дипломирал на катедрата за англистика и нордистика во Прага, една година стажирал на Универзитетот во Оксфорд. Од 1992 работи како уредник во неколку издавачки куќи. Во последно време се посветува на драматиката и на сценаристиката.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
