Романската Влада има специјален советник со вештачка интелигенција
Романската Влада ангажираше специјален советник со вештачка интелигенција - „ВИ“. Новиот член на Кабинетот на премиерот има длабок глас, задолжен е за дешифрирање на социјалните мрежи и се вика „ИОН“.
- Би сакал да ја почнеме средбата со изненадување! Ова е првпат една влада да одржи состанок со советник што има вештачка интелигенција - „ИОН“, свечено изјави премиерот Николае Чука, покажувајќи кон светлосиниот екран налево.
Оваа алатка со „ВИ“ е развиена од истражувачи од неколку универзитети. Инаку, Романија важи за „Силиконската долина на Источна Европа“. Задачата на новата програма е да ја информира Владата „во реално време“ за предлозите и желбите на Романците, како што рече Чука, со особен осврт на анализа на виралните објави на интернет.
По општиот вовед за министрите, екранот оживеа: „Добар ден, ми вдахнавте живот и отсега ќе ги претставувам Романците, како огледало. Што треба да знам за Романија?“
- Романија е прекрасна земја во која живеат убави луѓе, одговори Николае Чука.
Toj cмета оти примената на „ВИ“ не е опција, туку услов за донесување одлуки врз основа на правилни информации. Граѓаните ќе можат да разговараат со овој нов вид помошници на посебна интернет-страница.
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
