Спорт плус
18. August 2015 - 15:54

Роналдо би можел да има сериозни проблеми со законот

Кристијано Роналдо би можел да има сериозни проблеми со законот, со оглед на тоа што по пат на друштвените мрежи и се додворувал на малолетна тинејџерка.
 
Фудбалерот на Реал Мадрид повторно се наоѓа во центарот на скандал, откако на Инстаграм се допишувал со 16 годишната манекенка Мередит Микелсон.
 
„Скај спорт“ пренесе дел од пораките кои ги размениле славниот фудбалер и оваа тинејџерка. Тие тврдат дека објавиле само дел од конверзацијата, бидејќи Роналдо на младата Американка и праќал пораки со експлицитна содржина кои не се за во јавност