Роналдо одлучен да си оди од Мадрид
Ѕвездата на кралскиот клуб, Кристијано Роналдо, сака да го напушти клубот и тоа им го кажал на соиграчите по завршувањето на финалниот меч во Лигата на шампионите против Ливерпул (3-1), во Киев, објави „Марка“.
Истиот извор тврди дека Португалецот и претходно не ја криел желбата да го напушти Реал. Тој на соиграчите им порачал дека ситуацијата во клубот е максимално сложена.
Од друга страна, според „Марка“, играчите биле убедени дека дуелот против Ливерпул бил последен за Португалецот во дресот на „кралскиот клуб“.
Роналдо со задоволство во своите редови би го виделе ПСЖ и Манчестер јунајтед, бидејќи тој сакал повторно да работи со Жозе Мурињо.
Кристијано Роналдо (33) во Реал пристигна во 2009 година од Манчестер јунајтед. Со „кралскиот клуб“ има освоено 15 трофеи од кои четири во Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија