Роналдо под истрага за кршење на здравствениот ковид протокол
Италијанската полиција истражува потенцијално кршење на здравствените ковид протоколи од страна на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој наводно патувал во ризичниот регион Вале д’Аоста, на североистокот на Италија.
Локалната полиција, како што јави италијанската агенција АНСА; потврди дека во тек е истрага за дводневниот престој на Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез, во вторникот и средата, во алпското гратче Курмајер.
Како доказ се наведуваат видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како Роналдо и Георгина седат на моторни санки, прославувајќи го 27. роденден на Родригез.
Во Италија на сила е забрана за патување во регионите кои се во „портокалова зона“ поради епидемијата на коронавирус, што ги вклучува и областите Пиемонт и Вале д’Аоста.
Доколку се докаже дека Роналдо патувал во ризичниот регион го очекува висока парична казна, наведува италијанската агенција.
Ново на Сител
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип