-->
-->
Роналдо пред драстична суспензија
-->

Најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо се соочува со драстична казна од страна на Шпанската лига, бидејќи по добиениот црвен картон, во синоќешниот натпревар во Суперкупот против Барселона, го турна главниот судија.
Кристијано Роналдо за неполни две минути доби два жолти картони што значи дека нема да игра во реваншот против Барселона, в среда во Мадрид.
Но она што е поголем проблем за клубот и за него е суспензијата со која се соочува.
Португалецот постигна гол во 80.минута, славејќи го тој го соблече дресот, поради што доби жолт картон. Две минути подоцна тој се обиде да изнуди пенал, а судијата Рикардо Бургос де Бенгоечеа, поради симилурање му покажа уште еден жолт картон и го испрати во соблекувалната.
Кога го доби вториот жолт картон тој го оттурна судијата,за што според правилникот на Шпанската федерација, максимална казна е 12 натпревари.
Според членот 96 казната за „поблаго насилство над судијата“ се санкционира со казна од четири до 12 натпревари суспензија. Судијата во записникот вака го окарактеризирал испадот на Роналдо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
