Роналдо прв фудбалски милијардер во историјата

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо стана првиот фудбалски милијардер во историјата, објави „Блумберг“.
Четириесетгодишниот Роналдо ја мина границата од една милијарда евра со неговото последно продолжување на договорот со саудиски Ал Наср, во вредност од нешто помалку од 360 милиони евра.
„Блумберг“ го проценува богатството на Роналдо на нешто повеќе од 1,2 милијарди евра со што Португалецот стана првиот фудбалер во историјата кој ја надминал границата од една милијарда евра заработка
Роналдо заработи над 470 милиони евра плата помеѓу 2002 и 2023 година. Тој, исто така, потпиша десетгодишен договор со „Најк“ за речиси 16 милиони евра годишно и други спонзорства со брендови како „Армани“ и „Кастрол“, додавајќи над 150 милиони евра на неговата нето вредност. Неговиот трансфер во Ал-Наср во 2023 година му донесе околу 172 милиони евра годишна плата и бонуси ослободени од данок, плус привилегии, вклучувајќи бонус од нешто повеќе од 25 милиони евра.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
