РСБСП со апел за внимателно и одговорно возење за време на продолжениот празничен викенд
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) испрати апел за внимателно и одговорно возење за време на продолжениот празничен викенд. Потсетуваат дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.
Во соопштението истакнуваат дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин.
– Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, честопати фатални и ненадоместливи, за да може кој било да си дозволи неодговорно однесување во сообраќајот. Затоа, апелираме на етичност и одговорност, како и на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот, велат од таму.

Додаваат дека секое неправилно однесување во сообраќајот може да заврши со сериозни последици.
– Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин придонесете доброто празнично расположение да трае и после одбележувањето на празниците. Преземете мерки за ваша и сигурност на другите учесници во сообраќајот. Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствијата кои ги преземаме, порачаа од РСБСП.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
