РТК: САД ги одлагаат инвестициите во Косово до укинување на таксата кон Србија
Косовскиот државен радиодифузен сервис РТК тврди дека Соединетите Американски Држави одлучиле да ги одложат сите значајни инвестициски проекти во Косово, се додека косовската влада не донесе одлука за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Повикувајќи се на свој неидентификуван извор, РТК објави дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп и амбасадор на САД во Берлин, Ричард Гренел денеска имал „остра комуникација со косовскиот премиер Албин Курти и претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи, на кои јасно им дал до знаење дека САД се подготвени за милионски инвестиции во Косово доколку се укине таксата“.
Новиот косовски премиер Курти и неговиот коалиционен партнер, Демократскиот сојуз на Косово, најавија дека ќе ја укинат таксата на српскиот увоз, доколку Белград престане со агресивната кампања против косовската држава и наместо тоа ќе воспостават „целосен економски, трговски и политички реципроцитет кон Србија“.
– Сепак, САД ќе ги одложат сите тие проекти се додека Влдата не ја укине таксата и не се откаже од воведувањето реципроцитет, тврди РТК, повикувајќи се на својот анонимен извор.
Јавната радиотелевизија, според косовските медиуми и јавноста, е под силно влијание на претседателот на Косово Хашим Тачи и на досега владејачката, а сега опозициска, Демократска партија на Косово (ПДК), партија која Тачи ја основа и ја водеше до изборот за шеф на државата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата