Рубио: САД ќе ги проценат барањата на Русија за прекин на огнот во Црното Море
САД ќе ги оценат барањата на Русија откако Москва изрази начелна согласност за прекин на огнот во Црното Море со посредство на САД за да се обезбеди сигурна пловидба, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио.
По разговорите во Саудиска Арабија, САД објавија посебни договори во Црното Море со Украина и Русија за да се обезбеди сигурна пловидба, да се запрат нападите и да се спречи употребата на трговските бродови за воени цели.
Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја презеде функцијата на 20 јануари, се залага за прекин на војната во услови на брзо зближување со Москва што ги вознемири Киев и европските сојузници.
-По нашиот состанок во Саудиска Арабија, Русите детализираа голем број услови што сакаат да бидат исполнети, за да го направиме тоа, така што ќе процениме, изјави Рубио за време на вчерашната посета на Јамајка.
Тој додаде дека американските власти ќе работат за „поцелосно да разберат каква е руската позиција или што сакаат за возврат, а потоа тоа ќе му го претставиме на претседателот Трамп“ и ќе биде донесена одлука за следниот чекор.
Барањата на Русија се познати. Условите наведени во изјавата на Кремљ во вторникот, вклучително и укинувањето на ограничувањата и санкциите за голема земјоделска банка, извозниците на ѓубрива и храна, како и за руските транспортни бродови, во голема мера ги одразуваат барањата што Москва ги постави пред две години за време на преговорите за продолжување на договорот за Црното Море, кој првпат беше склучен во јули 2022 година.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан