Рубио: Вашингтон смета дека Хамнеи сè повеќе се вклучува во водењето на земјата

САД сметаат дека иранскиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, е „жив“ и „сè повеќе вклучен“ во водењето на земјата, изјави синоќа првиот американски дипломат Марко Рубио, во моменти кога има слаб прогрес во разговорите за завршување на војната.
„Мислам дека има знаци дека сè повеќе се вклучува на некое ниво, иако целата комуникација е писмена и преку трета страна“, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот, нагласувајќи дека има тешкотии во пренесувањето пораки во рамките на иранската Влада.
Моџтаба Хамнеи го наследи свјот татко Али Хамнеи, кој загина во израелскиот напад на почетокот на војната, но оттогаш не се појавил во јавноста: ранет во нападот, комуницира само преку писмени пораки, пишуваат француските медиуми.
Запрашан за статусот на индиректните преговори меѓу САД и Иран, кои сè уште се во тек, американскиот државен секретар рече дека сè уште „нема“ договор за прекин на договорот, без да прецизира временска рамка, велејќи дека тоа може да се случи „утре, задутре или следната недела“.
„Тие се согласија да преговараат за одредени аспекти од нивната нуклеарна програма“ за кои претходно не се согласуваа“, истакна Рубио.
Сепак, додаде, тоа „не гарантира дека на крајот ќе се постигне прифатлив договор“.
„Ако го отворат Ормуз, ние ќе ги деблокираме иранските пристаништа“, нагласи тој, додавајќи дека ова не е поврзано со ублажувањето на санкциите, што зависи од нуклеарниот договор.
Индиректните преговори меѓу САД и Иран за завршување на војната, предизвикани од заедничкиот израелско-американски напад на 28 февруари, во застој се со недели.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
