Тенис
23. February 2023 - 19:58

Рубљев елиминиран од турнирот во Доха

 

Возбудливо и интересно е на турнирот во Доха каде се редат изненадувања. Најновото го приреди младиот Јиржи Лехечка кој славеше со 2-1 во сетови против првиот носител Андреј Рубљев.

Лехечка кој е 52-ри тенисер во светот за неполни два часа  го совлада првиот фаворит и во полуфиналето ќе игра против искусниот Енди Мареј кој го совлада Милер со 2-1.