-->
-->
Руни: Се уште имам класа да играм во Премиер лигата
-->

Напаѓачот на ДиСи Јунајтед, Вејн Руни, смета дека се уште има квалитети да игра на највисоко ниво во Премиер лигата.
Триесет и три-годишниот Англичанец, кој го помина најсилниот период во кариерата во дресот на Манчестер Јунајтед, се претстави доста силно и во МЛС лигата на САД, истакнувајќи 12 гола и 7 асистенции, со што му помогна на својот тим да дојде до плеј-офот и беше меѓу финалистите за МВП на американската лига.
– Ако треба да сум искрен, мислам дека уште имам класа да играм во Премиер лигата. Отсекогаш сум бил уверен и имав големи очекувања за себе. Дојдов во САД, верувајќи дека ќе работам добро. Можеби изненадив одредени луѓе кои имаат право на свое мислење, но јас никогаш не сум се сомневал во себе, сподели Руни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за узурпација на државно земјиште во Крива Паланка
-

Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола
-

Мицкоски за предлогот на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват
-

Уапсени четири државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро
-

Костадиновски: Нервозата кај политиката покажува дека Судот си ја врши работата
-

Намален бројот на невработени лица
-

Македонските фудбалери вечерва пред полни трибини ѝ гостуваат на БиХ
-

СДСМ: Нема реформи, за две години нецелосно завршени 2 од 10 точки од Реформската агенда
