Фудбал
9. July 2017 - 16:51

Руни се врати во Евертон по 13 години

Досегашниот капитен на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни се врати во матичниот клуб Евертон по 13 години, објави англискиот клуб.
 
Руни потпиша двегодишен договор со Евертон како дел од трансферот на Ромелу Лукаку на „Олд Трафорд“.
 
31-годишниот Руни во Јунајтед помина 13 сезони и освои пет титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите, постигна 253 гола на 559 натпревари.
 
Тој инсистираше на враќањето на „Гудисон Парк“ одбивајќи понуди од Кина и САД.