Русеф најави дека нема да си замине од претседателската функција
Бразилската претседателка Дилма Русеф изјави дека нема да се повлече од функцијата и покрај тоа што Долниот дом на Парламентот гласаше за поддршка на импичментот покренат против неа.
Русеф истакна дека не ја разгледува можноста за предвремени претседателски избори
Претседателката изјави дека ќе продолжи да се бори против оние, кои се обидуваат да ја остранат од функцијата.
Таа го обвини потпретседателот Мишел Тремер за заговор против неа.
- Многу сум разочарана поради тоа, но имам сила, дух и ентузијазам да се борам до крај, рече Русеф на прес-конференција.
Според неа, ова е само почетокот на битката, која ќе трае.
- Чувствувам дека против мене се извршува неправда, нагласи таа и додаде дека процедурата за импичмент потив неа нема законска основа.
- Сите работи за кои ме обвинуваат, биле извршени и од претходните претседатели на земјата. И никогаш не се сметале за незаконски или криминални. Затоа сум збунета, бидејќи кон мене не се однесуваат исто, како кон моите претходници, додаде таа.
Откако Долниот дом го поддржа импичментот на Русеф, процесот сега треба да оди во Федералниот сенат. Доколку и Горниот дом го поддржи импичментот, Русеф ќе биде времено отстранета од должноста, додека против неа се води делото.
Таа е обвинета за нарушување на буџетските правила.
Ново на Сител
-
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50. милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски
-
СЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од закани
-
Фатен 39-годишен бегалец од затвор
-
Искра Росо од Здружението СОЛЕМ од Скопје меѓу протераните активисти од Белград
-
Мицкоски за случајот „27 април“: Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи
-
Во Велика Британија се повеќе социјално загрозени семејства живеат во пансиони
-
СДСМ: Нема пари за лекови – Владата ќе купува авион
-
Приведен турски државјанин, превезувал мигранти од Египет и Сирија