Свет
26. May 2020 - 15:13

Русија до 2021 година ќе произведе стелт авион

 Русија работи на прототипот на првиот стелт авион, а за проектот е задолжена државната корпорација „Јунајтед авиони“.

Стелт авионот треба да биде готов следната година. Стелт бомбардерите се дизајнирани за да избегнат откривање од радарите и можат да носат големо количество оружје.

Според достапните информации, авионот ќе биде сличен на американските стелт бомбардери, ќе лета со субсонична брзина и ќе носи крстосувачки ракети и хиперсонично оружје.

Стелт бомбардерите на американската армија се помеѓу најголемите воени авиони во светот. Кина работи на сопствен стелт авион, што ќе го претсатви во ноември годинава.