Русија е подготвена на координација со САД за протерување на ИД од сирискиот град Рака

Русија е подготвена да ги координира своите активности со коалицијата предводена од САД во Сирија, за групата Исламска држава да ја протера од градот Рака, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, цитиран од руските медиуми.
- Подготвени сме да ги координираме нашите активности со Американците, затоа што Рака е во источниот дел на Сирија, а американската коалиција главно дејствува таму, рече Лавров во интервју за телевизијата „Рен -Ти Ви“.
„Можеби нема да одадам тајна ако кажам дека Американците до одреден степен го дадоа предлогот да направиме „поделба на трудот“: руските воено-вселенски сили да се концентрираат врз ослободувањето на Палмира, а американската коалиција врз ослободувањето на Рака со руска помош“, забележа рускиот министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
