Свет
13. December 2017 - 17:13

Русија ги обвини САД за зголемување на тензиите на Корејскиот Полуостров

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска ги обвини САД за неконструктивна политика кон Северна Кореја, поради нивните воени вежби во регионот, јави руската новинска агенција ТАСС.

- Состојбата на Корејскиот Полуостров дополнително се влоши откако Северна Кореја тестираше балистичка ракета на 29 ноември. Со жалење констатираме дека, и во овие околности, САД продолжуваат со нивната неконструктивна политичка, чија цел е да се засили воената активност во Североисточна Азија, изјави Захарова.

САД вршат воени вежби со три носачи на авиони во близината на Северна Кореја, заедно со армијата на Јужна Кореја.

Според Захарова, ваквата „демонстрација на сила“ во регионот може само да ги влоши тензиите.