Русија го смени генералот за логистика на вооружените сили

Русија денеска го разреши генерал Дмитриј Булгаков задолжен за логистика, во време кога се одвива кампањата за мобилизација и во време кога руската офанзива во Украина се соочува со потешкотии.
„Армискиот генерал Дмитриј Булгаков е разрешен од должноста заменик-министер за одбрана бидејќи се прераспределува на друга функција. На негово место доаѓа генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој ќе биде одговорен за материјално-техничкото снабдување на вооружените сили“, соопшти руското Министерство за одбрана, без да наведе повеќе детали.
Генерал Мизинчев (60) во текот на својата долга воена кариера извршувал многу одговорни функции во Генералштабот. Тој е цел на санкции од Западот поради неговата улога во опсадата на пристаништен град во југоисточна Украина, Мариупол.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
