Русија и САД се изјаснија против промени во постапката за вето во Советот за безбедност на ОН
Русија и САД се изјаснија против каква било промена во процедурата за наложување на вето во Советот за безбедност на ОН, јави ТАСС.
Право на вето имаат петте постојани членки на Советот. За наложувањето на вето Москва и Вашингтон од една страна, имаа различно мислење од Лондон и Париз.
Предлогот за ограничување на примената на правото на вето во ситуации, во кои се налага донесување на итни мерки со цел спречување на масовни злосторства, беше даден од страна на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Иницијативата не подразбира вршење на промени во уставот на ОН. Со неа се предлага започнување на специјална процедура. По барање на најмалку 50 земји од ОН, генералниот секретар на организацијата треба да ја оцени ситуацијата, која ќе се разгледува во Советот.
Во случај да има сериозно кршење на правото, како на пример геноцид или воени злосторства ќе стапи во сила така наречениот џентлменски договор, кој подразбира доброволно откажување од правото на наложување на вето.
- Оваа иницијатива засега е поддржана од над 100 земја, истакна Алексис Ламек, заменик-постојан претставник на Франција во ОН.
Тој додаде дека иницијативата подразбира оти специјалниот механизам нема да дејствува во случај кога се засегнати националните интереси дури и на еден од постојаните членови на Советот за безбедност.
Ново на Сител
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата