Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
Русија и Украина се договорија да ги прекинат непријателствата во Црното Море, соопшти синоќа Белата куќа, наведувајќи детали од разговорите одржани во Саудиска Арабија.
САД соопштија дека постигнале посебни договори со Украина и Русија за да се обезбеди безбедна пловидба во Црното Море и да се спроведе забраната за напади врз енергетски објекти во двете земји.
Двете земји се согласија дека „ќе биде гарантирана безбедноста на пловидбата во Црното Море, дека ќе се воздржат од употреба на сила и дека ќе спречат употреба на комерцијални бродови за воени цели“, соопшти американската влада, која посредуваше во преговорите.
САД, во однос на Украина, исто така се обврзуваат дека „ќе ги поддржат напорите насочени кон размена на затвореници, ослободување на цивили и враќање на присилно раселените украински деца“.
Русија, која во моментов е под бројни санкции, може да смета на поддршката од Белата куќа кога станува збор за „рускиот пристап до глобалниот пазар за извоз на земјоделски и вештачки ѓубрива, намалување на трошоците за поморско осигурување и подобрување на пристапот до пристаништата и платните системи за тие трансакции“.
За време на разговорите, САД „повторија дека претседателот Доналд Трамп безусловно сака да стави крај на загубата на животи на двете страни“.
Вашингтон „ќе продолжи да организира преговори меѓу двете страни со цел на крајот да се постигне мирен исход“, се вели во објавата.
Американската администрација во соопштението му се заблагодари на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, во чија земја се водеа преговорите.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Киев ги поддржува двата договори за прекин на огнот со Русија што САД ги објавија синоќа и дека Украина би ги поздравила и третите земји кои би го надгледувале спроведувањето на договорите.
Во објава на Х, Умеров напиша дека Украина ќе го смета секое движење на бродови на руската морнарица надвор од источниот дел на Црното Море за прекршување на договорот и дека доколку се случи такво нешто, ќе си дозволи право на самоодбрана.
САД во неделата и понеделникот одржаа одделни разговори за војната во Украина со украински и руски делегации во Саудиска Арабија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи