Русија: Инцидентот во Полска е обид да се предизвика директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија
Мисијата на Русија во Обединетите нации денеска го повтори претходното негирање на Москва за вмешаност во експлозија во Полска и нагласи дека „инцидентот бил обид НАТО директно да се вовлече во војната во Украина“.
– Фактите покажуваат дека Русија немала никаква врска со проектилите што ја погодија полската територија, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Пољански на Телеграм.
Според него, „инцидентот во Полска е обид да се предизвика директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија“.
Пољански додаде дека инцидентот ќе биде главна тема на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина кој ќе се одржи подоцна денеска.
Две лица загинаа вчера кога, како што соопштија полските власти, „проектил од руско производство“ паднал во близина на селото Пжеводов, на околу 6,4 километри западно од украинската граница, приближно во исто време кога московските сили го лансирале својот најголем бран ракетни напади врз украински градови за повеќе од еден месец.
Ново на Сител
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
-

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев
-

Сиљановска - Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит
-

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
