Русија ја предупреди Македонија: Приклучување во НАТО ќе има негативни последици
Русија ја предупреди Македонија за негативните последици од евентуално пристапување во НАТО алијансата.
Ова го објави руското МНР по состанокот меѓу рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, и македонскиот амбасадор во Москва, Гоце Карајанов, објави руската новинска агенција ТАСС.
„Двајцата соговорници ги разменија ставовите за ситуацијата на Балканот“, се вели во официјалното соопштение од Министерството и се додава дека руската страна ги истакнала негативните импликации за регионалната безбедност и билатералните односи од плановите за пристапување на Македонија во НАТО .
Двајцата соговорници ја потврдиле својата подготвеност да продолжат со интеракциите во области од заеднички интерес.
„Значењето на продолжување на работата на меѓувладината комисија за трговска и економска и научна и технолошка соработка е нагласено“, рече руското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон